Повеќе села во Кичевско неколку дена без струја

Категории: Кичево, Слајдер

Неколку села општина Другово, Вранештица, Осломеј и Зајас неколку дена се оставени без струја. Во Цер, Црско, Прострање, Белица, Малкоец, Јудово, Иванчишта, Манастир Света Богородица Пречиста, Манастирско Доленци, Кладник… струја нема веќе петти ден. Ноќеска температурата во овој регион се спуштила до – 20 степени целзиусови под нулата. Жителите во повеќето села се останати и без телефон. Во неколку села минатата ноќ слегле и волци во потрага по храна.

– Кога немаме платено струја и за две сметки знаат да дојдат и да не исклучуваат, а сега ги нема никаде. На неколку наврати уште летото беше укажано на паднати дрвја и требаше навремено да се излезе на терен но ништо од тоа. Сега останавме без струја – реагираше жител од овие села.

Во повеќе куќи има оштетувања на апаратите за домаќинство поради прекините со електрична енергија кои се појавиле. Настанатите штети се високи за сиромашното население од овие краеви.

Кичево.Мк утрово стапи во контакт со ЕВН Македонија откаде рекоа дека се известени за проблемот и сите расположливи екипи се излезени на терен. Се соочуваат со неможност и потешкотии да пристапат на повеќе точки каде се настанати дефектите.

Дополнителна тешкотија е отежнатото движење по патиштата и пристапот до селата со што се комплицира редовното снабдување на населението со потребните залихи. За проблемот е запознат и кризниот штаб во Кичево.

Според последните информации екипи на општината Другово и Македонија пат се на терен и ги расчистуваат снежните наноси.

Засега останува неизвесно кога овие села ќе добијат струја. Жителите на овие села бараат помош за решавање на ситуацијата.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , , , , , , , , , , ,