ФОТО: Пожар ги зафати кафулето и бутикот „Шевињон“

Голем пожар целосно го изгоре кафулето „Шевињон“ и делумно бил зафатен дел од бутикот кои се наоѓаат во ГТЦ во Скопје. Кафе-барот и бутикот се во сопственост на нашиот сограѓанин и успешен бизнисмен Виктор Стефаноски.

Пожарот избил вчера околу 7 часот наутро, а за неговото гаснење учествувале 10 возила и 26 пожарникари. За среќа никој не е повреден во пожарот, но е причинета голема материјална штета.

Првично немало траги дека нешто било подметнато, но и таа опција се проверува. Се разгледуваат и претпоставките според кои огнот долго тлеел и потоа избувнал без да го забележат камерите во трговскиот центар и обебзедувањето. Резултатите од истрагата ги чекаат и пожарникарите.

Причината за пожарот е непозната и за сопственикот. Не се сомнева на ништо, ниту пак имал неразрешени проблеми и затоа смета дека не е подметнат.

Пред 3 месеци бутикот „Шевињон“ беше поплавен во поплавата која се случи во трговскиот центар. Во неа скоро 80% од робата беше уништена.