Повторно шумски пожар во Кичево, горат 50 хектари шума

Категории: Кичево, Слајдер

Поради непристапноста на теренот и неможноста да се гаси од земја , пожарот што два дена беснее во кичевско, денес ќе се гаси од воздух.Два авиони канадери од ДЗС, рано наутро ќе дејствуваат врз огнената стихија.
Поради непристапноста на теренот, на огнената стихија не може да се делува од земја и затоа од ДЗС е побарана помош, на пожарот да се дејствува од воздух со авионите канадери.
-Пожарот кој во средата попладне избувна кај село Горно Строгомиште, при што беа зафатени смреки,ниско стеблеста и деградирана шума, во текот на денот се прошири на многу поголем простор и сега се протега на површина од над 50 хектари. Огнената стихија се шири кон селата Папрадиште и Букојчани а делови од пожарот го зафатија и реонот на село Колари. Непристапноста на теренот оневозможи интервенција со противпожарно возило и затоа утрoво во 7,30 часот дејствуваат два авиони Ер трактори на Дирекцијата за заштита и спасување – информираа од Регионалниот центар на Дирекцијата за заштита и спасување на РМ.
Зоран Антоски

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , ,