Пожарот е локализиран, се елиминираат и последните жаришта

Категории: Кичево
Во моментов пожарот над населбата Иванидол е локализиран. Постои само едно активно жариште во не пристапниот терен кое го гасат 1 авион на ДЗС и 2 хелихоптери на АРМ – информира Сузана  Тасевска, Раководител на Регионален центар за управување со кризи – Кичево  (РЦУК – Кичево).

Поради високата температура која во текот на денот може да се зголеми уште повеќе, постои можност до обновување на жариштета кои веќе се изгаснати, заради тоа целиот опожарен простор повторно се контролира од страна на екипи од ШС Лопушник.
Местата каде што има пристап ПП возило ги обиколува екипа на ТППЕ и интервенира таму каде што е потребно. Исто така на терен патролира и екипа на ПС Кичево. Причината за појава на овој шумски пожар во кој изгоре околу 50 хектари борова шума не е утврдена.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , ,