И манастирот Света Богородица Пречиста на удар на крадци

Категории: Кичево, Слајдер

Ноќта во сабота спрема недела, непознати крадци успеале да влезат во манастирот Света Богородица Пречиста и да одземат пари кои верниците ги оставиле во храмот. Неофицијално, било влезено преку малата црквичка Свети Никола која е прилепена веднаш до поголемата црква. Оттаму влегле во олтарниот дел на манастирот.

Претходно беше ограбена единствената црква во Кичево, Свети Петар и Павле, по што полицијата ги откри и приведе осомничените за ова дело.

Засега од МВР нема информации околу овој случај.

Изминатиов период зачестени се грабежите во повеќе цркви и манастири низ западна Македонија. Покрај пари, беа одземени и вредни икони стари по неколку века како и црковни предмети. Само во еден дел од случаите се откриени сторителите. По останатите се трага.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , ,