Велосипедистите на голема предилинденска тура низ Македонија

Категории: Слајдер, Спорт

Велосипедистите максимално го користат убавото време за возење на нови тури. Летните горештини не се никаков проблем.

Така, на 23 јули (вторник) планираат да извозат една тура од околу 730 километри низ Македонија, поделена во 5 етапи (види слика). Учесник од Кичево е велосипедистот и член на Speed bike, Бране Софронијоски.

Почнуваат од Скопје заедно со Горан Казакоски. Првата е етапа е Скопје – Кочани (23 јули), втората Кочани – Струмица (24 јули), третата Струмица – Прилеп (25 јули), четвртата Прилеп – Охрид (26 јули), петтата Охрид – Кичево (27 јули).

Попатно на велосипедистите ќе им се приклучуваат велосипедисти од Скопје, Кочани, Струмица, Прилеп, Ресен, Охрид и на крај ќе завршат во Кичево.

По овој повод имавме можност кратко да позборуваме со Софронијоски и Казакоски.

Како дојдовте до идеја да возите низ цела Македонија и зошто?

 

Бране Софронијоски

Едноставно објавив на групата за организирање на велосипедски тури Bike Cruising  дека планирам да ја возам Македонија повторно со друмски велосипеди првиот [то се пријави бесе Горан Казаковски. Од тој момент ја испланиравmе, ја поделивmе по рути и тоа е тоа…на 23ти тргнуваме…а зошто…па едноставно имаме преубава држава за возење велосипед

Горан Казакоски

Бране ја објави мапата со предлог рута и наслов „Некој заинтересиран” а мене толку ми требаше, веднаш му пишав да, заинтересиран. Брзо потоа ја дефиниравме рутата и договоривме ден за старт. Годинава немав ништо планирано за одмор, а ваква тура одамна ми стои во листа за возење.

Дали планирате да ве прати автомобил,каде ќе престојувате и кога тргнувате во текот на денот?

Бране

Не планираме да не прати автомобил,со нас носиме само еден ранец со алишта, резервни гуми,пумпа и други пропратни работи,а за престој,планираме да преноќуваме во мотели. Тргнувањето е од околу 6/6.30 наутро…

Горан

Поинтересно е кога се ќе спакуваш во еден мал ранец и ќе тргнеш на пат, а и трошоците ќе ги сведеме на минимум

Која е вашата најдолга извозена делница и кои предели според вас се најдобри за возење?

Бране

Моја најдолга извозена делница е Кичево-Охрид-Поградец-Охрид-Кичево од околу 240 км лани на покана од Зс точак…Меморијал Вила Милка,а според мене најдобри патишта за возење се на релација Кичево-Крушево…и Кичево – Охрид (освен терминот од 10 Јули до 10 Август кога на таа делница има најмногу сообраќај)

Горан

Мојата  најдолга делница  е 160км, Скопје – Св. Николе – Куманово – Скопје, а најубавиот предел кој сум го возел е Велес – Папрадиште. Иако голем дел од патот е со лош асфалт пределот е многу мирен и прекрасен за возење

Дали се наптреварувате во шампионатите во Македонија и кои се вашите идни планови со велосипедизмот?

Бране

Оваа година се натпреварувам во Друмски Велосипедизам во Мастерс Категорија,а моја следна цел за следната година е посета на Франција за време на Tour de France или Тура низ Iталија за време на Giro d’Italia

Горан

Јас се уште не. Се надевам наскоро ќе се натпреварувам на некоја од трките во Македонија. Планот ми е да прошетам што повеќе со велосипед, се надевам идната година ќе може да направиме некоја поголема тура и надвор од Македонија.

Што ќе издвоите накратко за возењето велосипед и велосипедизмот воопшто?

Бране

Кој вози знае…А тие сто планираат да започнат со овој спорт или ова хоби,им препорачувам да го сторат тоа сто е можно побрзо.

Горан

Од лани ова време, кога почнав по активно да возам, до сега имам извозено преку 5000км и имам отидено на многу убави места во Скопје и околијата. Овие места за овој период со автомобил сигурно не би ги прошетал. Разликата кога ќе отидете со велосипед некаде е тоа што можете повеќе да уживате во природата и да видите повеќе а сето тоа да ве чини една банана и едно “мусли”.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , , , ,