Предниот вентил ко ќе ти се затворит (27)

Категории: Ако појдам во чаршија..., Ризница, Слајдер

643_001
Првиот бран гастербајтери отидени во светон по трошка леб, почнаа срамежливо да се враќаат поединечно назад во градот некаде 70 – тите години од минатиот век. За показ на успешноста пред градот, носеа убави лимузини, вообичаено Мерцедес дизел. Остај што носеа материјални добра, донесоа и духовни навики непознати до тогаш за нашиот крај. Преведено во секојдневниот живот тоа значеше дека таму тие беа дојденци, печалбари, гастербајтери, а овде Западњаци, (Германци, Англичани и др.) или кажано по Кичевски, 2 евра големи пари за нив и поделена личност в крај.

Хотел Унион, три реда маси наредени во салата за гости. Во средниот ред на крајот до Сепарето закачен телевизор на ѕидот во висина од 3 метри за да може да се гледа и од подалечните маси од назад. Веднаш до првата маса во средниот ред „свежо“ пристигнат од „трулиот Запад“ новопечен таксист со нов Мерцедес, сам со кафе и вода и опул кон телевизорот. Зад него на четвртата маса, еден од најлуцидните, стилски препознатлив и мангуп од градски калибар, пак сам. Уште поназад од страната спрема прозорите, група млади дојдени на пиво и помфрит.

Серијал текстови посветени на Кичево некогаш: „Ако појдам во чаршија“

Започнува монологот:

-„Газда ..нгел едно кафе од тебе, ако може“ ….се обраќа тој од четвртата маса. Ладен „неебавајуќи“ став * од првата маса…

Повторно ист предлог, не дека се немало пари, туку да се „опише“ цицијаштилокот, самодоволноста на ново печените богаташи од страна на маестро ..вко …пчарот. Пак истиот „став“.

И започнува беседата:

-„Нека те, нека те…… имаш сега пари, ќе фрлиш некој динар ќе про.биш нешто помладо за пари. Амаа стар чекач су ја, еднуш ќе ти се затворит „предниот вентил“, а ќе ти се отворит „задниот“, паа ќе дојш кај мене и ќе ми речиш: „Ај ..вко клај ми го, жити леб“. Еее тогаш ја те чека, ќе ти го кла до пола, за да ме молиш: Аман .ивко клај ми го цел, ама ќе ти реча (и покажува со рачето ко питачине) „Парии, парите ваму мамето твое капиталистичко“!!!

Раскажале Е. Врапчески, С. Врапчески и З. Стојаноски.

Ладен „нејебавајуќи“ став * – оној однос кога персоната на која и се обраќаш, не те смета за жив, а ти става до знаење дека те слушнала !!! – според Матко Петровиќ

Пренесува и раскажува: Марјан Стојаноски – Мако

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , , , ,