Предвидувањата за 2013-та на човекот кој го предвиде јапонското цунами

Категории: Магазин

Дали Блер Робертсон може ја предвидува иднината? Неговото успешно предвидувања неколку настани кои навистина се случија наведува кон тоа.

Неговите  предвидувања ги вклучуваат јапонскиот земјотрес од 8,9 рихтери и цунамито, смртта на Витни Хјустон, потонувањето на Коста Конкордија, пожар во воз во Индија, бременоста на британската принцеза Кејт, прецизно предвидување на Оскарите, и други настани.

„Се замислувам себеси како ги читам дневните наслови, но во иднината“ вели Робертсон и дополнува – “се сеќавам на иднината”.

2013 – та ќе биде исполнета со значајни настани – вели тој. Ова се неговите предвидувања за годинава која штотуку почна.

• Боксер ќе умре во рингот (или ќе умре набргу потоа)
• Ријана и Крис Браун ќе се венчаат.
• Ќе се открие дека заменикот на Обама, Џо Бајден е под медицинска нега за сенилна деменција. Ја предвидел неговата болест уште минатата година.
• 2013 година нема да ја преживеат повеќе светски државници и нивните брачни другари
• Ќе ескалираат тензиите помеѓу Јапонија и Кина на пролет.
• Експлозија на резервоар со пропан на источниот брег на САД кој ќе уништи “комплекс.”
• Уште еден голем земјотрес ќе ја погоди Јапонија со последователно цунами во рок од 60 дена. (Се надевам дека ќе згрешам)
• Помалку торната во САД, но со многу поголема разорна моќ. Предвидува еден на западот на Онтарио кон крајот на април.
• Ураган ќе ја погоди Флорида наесен и ќе предизвика одрони. Генерално лошо време за југоистокот на САД
• Невообичаено зголемана вулканска активност низ Пацификот, особено средината на 2013 година.
• Катастрофа во рудник во Кина во рок од 3 месеци. Предвидува многу смртни случаи.
• Многу мистериозни случаи на смрт на птици и риби. Теориите на заговор ќе изобилуваат годинава.
• Ќе има напредок во изнајдување на лек против ракот.
Невообичаено голем број на изјави на луѓе болни од дијабетес кои ќе изјават дека нивната болест едноставно исчезнала. Докторите ќе немаат објаснување за овие случаи.
• Животно ќе биде отстрането од литата на загрозени видови.
• Судир во вселената кој ќе предизвика проблеми со сателитите за комуникација
• Голема фама ќе се крене за соларните ветрови кои ќе бида прогласени за следниот „крај на светот“
• И за крај едно олеснително предвидување: Светот ќе ја преживее 2013-та

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , ,