Прекинат штрајкот во РЕК „Осломеј“

Категории: Кичево, Слајдер

rek-oslomej

Штрајкувачите кои 9 дена го блокираа патот кон електраната РЕК „Осломеј“ од вчера го прекинаа штрајкот. На средбата со одговорните лица им било кажано дека доколку штрајкот биде продолжен, електраната нема да биде во можност да продолжи со работа, а нејзините вработени ќе бидат пуштени дома со 70% од платата.

Ваквото барање до штрајкувачите директно го побарал бордот на директори во ЕЛЕМ.

Вкупно 273 работници вработени преку „Контакт Бизнис“ во РЕК Осломеј штрајкуваа поради ниската плата и бараа покачување на платата и решавање на нивниот работен статус.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , ,