Премиера на претставата „Се е баш добро маче“ во Ц.К во Кичево

По подолг период љубителите на театарската уметност од Кичево, ќе можат да уживаат во претставата “Се е баш добро маче” во изведба на познатото драмско студио„ Солзи и смеа” од Битола.Се очекува оваа урнебесна комедија да ги расположи гледачите во Центарот за култура во Кичево, кои по подолг период  ќе можат да уживаат во една лесна комедија.

Во недостаток на локални премиери, гостувањето на битолските актери е полн погодок.

-Враќањето на кино претставите во нашиот центар од пред 10-ина дена, и настапот на театарската група од Битола„ Солзи и смеа”, барем донекаде ќе ја наруши културната летаргија во нашиот град, која е поприсутна долга низа години – велат од Центарот за култура.

Инаку  цената на влезниците за оваа претстава е сто денари, интересот е голем и уште во текот на претпладнето биле продадени  поголемиот дел од билетите, така што се очекува полна сала, информираа од центарот.

Зоран Антоски