Премиерот Груевски ќе го дочека Велигден помеѓу кичевчани

Категории: Кичево

Премиерот Никола Груевски заедно со своето семејство годинава за прв пат, воскреснувањето на Исус ќе го дочека во Кичево каде со останатите верници ќе присуствува на Света литургија која ќе се организира во кичевскиот православен храм „Свети Апостоли Петар и Павле“.

На првиот ден од Велигден, в недела, премиерот со семејството ќе престојува во Охрид на утринската литургија во црквата „Св. Богородица” Каменско, а потоа во Струга ќе ја посети црквата „Св. Ѓорѓија”.

Груевски вчера со ќеркичките и сопругата, по повод одбележувањето на православниот празник Распетие Христово Велики Петок, запали свеќа во црквата „Св. Димитрија“ во Скопје.

Согласно православните канони и обичаи, премиерот Груевски со своето семејство, помина под светото платно Плаштаница.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , ,