ФОТО: Стеблата од дворот на кичевската црква отидоа во историјата

Категории: Кичево, Слајдер

Оправдано или не, но денес во кругот на црквата Св. Петар и Павле беа пресечени боровите стебла.

Иако стеблата беа доста високи, а просторот за манипулација  релативно мал, сепак благодарение на умешноста на ракувачот на дигалката но и останатите лица вклучени во овој зафат, целокупната операција беше изведена со компјутерска прецизност и без никакви последици по околината. За тоа време во близина на храмот се собраа голем број љубопитни граѓани, кои беа сведоци на целокупната операција.

Но имаше и такви кои со негодување го прифатија сечењето на овие стебла, кои во дворот на црквата се засадени пред повеќе од половина век.

Текст и фото: Зоран Антоски

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , ,