Превенција и лекување на шеќерната болест

Вчера во Хотелот „Унион“ во Кичево ,во присуство на голем број граѓани и матични лекари, се одржа предавање на тема „Превенција и лекување на шеќерната болест“.
Воведно излагање имаше претседателот на„ Здружението на дијабетичарите на Македонија“, Прим. Д-р. Аврам Ванковски, а предавања на тема шеќерна болест одржа  Др.Ирфан Ахмети, асистент на клиниката за ендокринологија во Скопје и Др.Елена  Попоска,специјалист интернист  од Општата болница во Кичево.
После исцрпното излагање на предавачите, во дискусија се вклучија и присутните со поставување  повеќе  прашања поврзани со оваа болест и нејзиното третирање.
Зоран Антоски

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)