Презентација на законите за финансиска дисциплина и задолжница

Категории: Кичево, Слајдер

На Седница на Управниот одбор на  Регионалната комора со седиште во Кичево се одржа презентација на законот за финансиска дисциплина  и Закон за задолжница – ЧЕКОР НАПРЕД  ВО РЕГУЛИРАЊЕ НА ДОЛЖНИЧКО ДОВЕРИТЕЛСКИТЕ ОДНОСИ

Во  Регионалната комора со седиште во Кичево на 30.01.2014 година  се одржа седница на Управениот одбор на Регионалната комора со седиште во Кичево. Седницата е водеше претседателот Игор Соколески кој воведно на присутните им ги претстави приоритетните активност  извршени во минатата 2013 година, како и предлагање и донесување на нови програми за подобрување на проблемите на фирмите во стопанството на регионот во претстојната 2014 година.

Пред присутните  на проширената седницата, Стојмирка Тасевска Виш советник на Управен одбор на Стопанската комора на Македонија, ги презентираше Законот за финансиска дисциплина и Законот за задолжницата, притоа изнесувајки го Новиот текст на Законот за финансисака дисциплина кој е во собраниска поцедура, како и предлозите од Стопанската комора на Македонија доставени до Министерството за финансии на Република Македонија, кој влегува во сила да се применува од 1 Мај 2014 година, додека за Законот за Задолницата се одложен рок да се пременува од 1 Јануари 2015 година.

Од страна на присутните по обемната презентација се  разви долга дискусија во однос на  Законот за финансисака дисциплина за роковите за наплата, казнените одредби, слободата на скличување на договори, како и вондредните и редовни финансиски контроли.

Како  заклучок од фирмите се донесе дека овие закони се  добар потег и чекот напред во работењето, но ке има и успорување  во стопанските  текови на парични средства  бидејќи  државата е посредник. Воедно   се  истакна и потребата  од почесто одржување на едукативни настани како обуки и семинари за информнирање на фирмите за новините во функционирањето регионално во градовите каде работат.

Исто така од страна на  Валентина Цветковска, советник во Стопанската комора на Македонија  на фирмите им го презентира сертификатот Excellent SME, кој го издава Стопанска комора  на Македонија во соработка со познатата агенција за кредитен рејтинг COFACE од Хрватска, Сертификатот ќе им овозможи на локалните и на меѓународните бизнис-партнери да го верификуваат постоењето на компанијата, точната веб-адреса, и најважното – нејзиниот бонитет.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , ,