Продолжува хајката против адмнистративците Македонци во кичевската општина

Дел од јавната администрација сите од различни сектори во кичевската локална самоуправа во петокот биле информирани дека од денес ќе бидат разместени надвор од матичниот објект. Утрово тоа и се случило, дознаваме од наши извори.

Над 10 административци, сите Македонци, со различни квалификации и од различни сектори и одделенија се сместени во една просторија кај поранешна „Слобода“. Просторијата не ги исполнува условите за обавување на адмнистративни работи и нема никакви услови за обавување на работа. Немаат добиено никакви работни задачи и обврски.

Се очекува уште најмалку 10 до 20 лица, сите од различни области и сектори  во текот на оваа недела да се отстранат од  општинската зграда во други  периферни простории. Доколку ова се реализира, општинската зграда во најголем дел ќе биде пополнета со Албанци.

Неофицијално се зборува за слични резови и од јавните претпријатија во надлежност на Општина Кичево и отпуштање над околу 70 луѓе.

Како што дознаваме, во петокот 9 луѓе од кои едно лице со посебни потреби се испратени дома од градинката Олга Мицеска, работничкиот универзитет „Кочо Рацин“.

Сите овие резови и прераспределби се прават без никаков ред бидејќи најавуваната систематизација не е донесена. Единствениот критериум е етничката припадност.

Минатата недела беа отпуштени неколку административци и пожарникари. Градоначалникот Фатмир Дехари како образложување посочува на неможноста истите да бидат исплатени и дека општината била во долгови. Претходно беа преземени административците од четирите општини кои, согласно новата територијална поделба, беа укинати.

Последните случувања се сериозен удар врз соживотот во Кичево.