Продолжуваат вработувањата по кичевските училишта

Opstina Kicevo golema

Откако пред скоро една недела беше распишан оглас за вработување на 37 работници во кичевските училишта, пред 2 дена е распишан уште еден за прием на дополнителни 22 работници. Огласот е распишан истиот ден откако завршил претходниот. Вкупно 59 вработувања за една недела на товар на буџетот на Општина Кичево.

Во овој бран огласи ќе се примаат нови вработени во училиштата ОУ „Реџо Рушит – Зајази“ (Зајас) – 12 луѓе, ОУ „Фаик Коница“ (Грешница) – 5 луѓе и ОУ „Кузман Јосифоски – Питу“ – 5 луѓе.

Ќе се примаат наставници, хигиеничари, секретари, психолози. Овие 22 нови вработувања ќе го чинат буџетот на општина Кичево околу 600 000 денари, а заедно со претходните, околу 650 000, приближно 1.300.000 денари месечно. Пресметката е направена врз база на делумно објавените суми во огласите, во некои огласи сумата за новите работни места (во селата) не е навдена иако за истите работни места во училиштата во градот, сумата е наведена.

Како е можно општината да немаше пари за загревање на училиштата „Кузман Јосифовски – Питу“ и „Др. Владимир Полежиноски“, а да има за нови вработувања, останува на општината да одговори.

„Кузман Јосифоски“ има двапати повеќе ученици од „Реџо Рушит – Зајази“, а многу 1/3 помалку вработени

Види: Дали во кичевските училишта има превработеност?

Со новите вработувања во училиштата „Реџо Рушит – Зајази“ и „Фаик Коница“ превработеноста и натаму расте, а паѓа просекот на ученици на 1 вработен. Овој близок сооднос е карактеристика за сите училишта каде наставата е на Албански јазик.

Со новите вработувања, соодносо ученици на 1 вработен ќе биде следна:

soodnosi

Ако во Зајас, Грешница и Србица соодносот е од двајца до четворица ученици на еден вработен, во Кузман Јосифоски – Питу во Кичево, овој сооднос е 10 ученици на 1 вработен. Интересно е што училиштето во Зајас кое има 435 ученици има повеќе вработени од Кузман Јосифоски – Питу кое има речиси двапати повќе ученици. Училиштата во Зајас, Грешница и Србица кои заедно имаат речиси ист број на ученици колку и ОУ „Кузман Јосифоски – Питу“, имаат дури трипати поголем број вработени отколку градското училиште.

За каква политика станува збор, дали ова е домаќинско работење, дали овие вработувања биле планирани во буџетот за оваа (и идната) година, дали овие мерки ќе го подобрат квалитетот на образованието на учениците и колку други проекти во општината ќе останат нереализирани поради дополнителниот буџет за нови вработувања… оставаме на вас да процените.