Промоција на краткометражниот филм „Барајќи го човекот“

Краткометражното кичевско филмче „Барајќи го човекот“ од Благојче Наумоски – Бане, конечно ќе ја доживее својата промоција. Промоцијата е закажана за сабота, 8 декември, во НУ Центар за култура ” Кочо Рацин” во Кичево. Почетокот е во 19 часот.

Опкружени сме со лажни работи кои навидум прават да се чуствуваме вистински. Секој си одбира нечиј друг идентитет мислејќи дека со тоа ќе се вклопи во општетвото, а ако тоа не му успее повторно бара и бара… се додека повторно не залута и се најде на крстопат незнаејќи што да одбере. Во овој филм прикажанано е она Диогенското во нас, односно трагањето кон она вистинското, исконското, наспроти се што е лажно и затскриено зад жаргонот на афтентичноста на индивидуата и нејзиниот идентитет – вели авторот.

За време на промоцијата ќе се одржи и изложба на фотографии од самиот филм направени од Јован Наумоски. Бидете таму!