Промовиран дел од творештвото на Славко Крстевски

Категории: Демир Хисар

dh-promocija

Пред голем број претставници на јавниот живот на општината, љубители на пишаниот збор, лични и семејни пријатели, беа промовирани најновите книжевни дела, стихозбирката „Крикови“ и романот „Битисување“ од авторот Славко Крстевски од Слепче.

Во исклучително емотивна и свечена атмосфера каква што не се памети дека се одржала на пошироките културни простори, најновите поетско – прозни дела на овој исклучително надарен роднокраен писател, поет, учител, новинар, хроничар, меценски поддржувач на културата и културен ентузијаст, доајен на драмскиот аматеризам и културното манифестирање, го промовираа Златко Бошевски и Борис Дамевски кој е уредник и рецензент на двата труда.

– Сите стихоредија се со антологиски и елегичен предзнак и инспирирани од многубројните животни и таговни премрежија создавани како душа болела – така очи плакале. Написите во романот „Битисување“ преку коишто се опишува катаклизмичното огнено цунами врз селотоСлепче, претставуваат цела една енциклопедија за постстихијните психолошки и телесни тежини дојдени до кулминација кај секој Слепчанец, изнесени и внесени со врвно писателско мајсторство. – рече покрај другото во своејата промотивна реч промототот Борис Дамевски

Кулминација од емоции и аплаузи на одобрување предизвика речта на благодарност на авторот Крстевски кој нанозе ги стана сите присутни во фоајето на Домот на културата долготрајно и френетично аплаудирајќи му на големиот автор.

– Ниту една опишана ситуација не е пренагласена. Напротив ми се чини дека не постои ниту обичен, ниту литературен израз со кој адекватно би се опишала надворешната и внатрешната опстојба на моите слепчани – рече покрај другото во своето обраќање авторот Крстевски.
Во музичкиот дел од промоцијата настапија ученици од нишото и средното музичко училиште во Битола.
Двете дела ги издаде Домот на културата, а печатењето на романот „Битисување“ финансиски го поддржа градоначалникот на Општина Демир Хисар.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , ,