Повторно ќе проработи култното кафуле „Медиум“

Категории: Кичево, Слајдер

Медиум, некогаш култното кафе во Кичево наскоро во ново руво ќе ги отвори вратите за младите од градот.
Тоа ќе значи дека повторно средиштето на Кичево ќе биде вистински епицентар на повеќето забави и културни настани. Со отворањето на Медиум се добива одговор на прашањето кој со години го поставуваа младите од Кичево но и од други градови, зошто не работи овој престижен локал. Денививе се вршат интензивни градежни работи на објектот и кон средината на летото ќе блесне новиот Медиум.

-Локалот ќе биде целосно преуреден,ќе добие нов ентериер и ќе наликува на еден модерен локал ,каков што во нашиот град досега немало.Не се сомневаме дека со отворањето на новиот Медиум и младите ќе ги вратиме во средиштето на Кичево-најави новиот газда на овој локал.

Зоран Антоски

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , ,