Денот на независноста прославен во Демир Хисар

Категории: Демир Хисар

Илјадници срца полни со радост, насмевки, веселба и уживање – со овие неколку зборови наједноставно може да се опише атмосферата на  синоќешната општинска општонародна псоалава на Денот на независноста што се одржа на градскиот плоштад во Демир Хисар.
Наколку илјади грашани речиси од целата општина, како и соседните градови Крушево, Битола и Прилеп и други населени места од овие општини, синоќа присуствуваа на спектакуларната централна прослава на големиот празник на независноста на којашто пригодно свечено обраќање имаше градоначалникот Љупчо Блажевски.

– Одбележувајќи го овој значаен датум од поновата македонска историја, сакам во оваа прилика во името на сите вас, во името на Советот на општината и во мое лично име, да им оддадам почит на сите кои за Македонија ги положија своите животи, како и почит кон сите кои страдале, се бореле и се жртвувале за денешната слобода, самостојност и демократија. Со верба дека со заеднички труд и залагање ќе го оправдаме наследството што ни е доверено, во оваа свечена прилика изразувам јавна благодарност и кон сите сограѓани кои со мерливи и немерливи показатели и достигнувања придонесоа или придонесуваат за цивилизациските начела и демократските вредности – рече покрај другото градоначалникот Блажевски честитајќи го големиот празник

Пред многубројната публика, градоначалникот Блажевски ги додели општинските признанија на учесниците и наградените на ликовниот хепенинг и регионалниот фудбалски турнир што повој повод беа одржани до Демир Хисар.

Во забавно – музичкиот дел настапи познатата фолк интерпретаторка Анета Мицевска и нејзината група „Молика“ од Битола кои дадоа дополнителен придонес новоизградениот плоштад да биде претесен за да ги прими сите заинтересирани.

Свеченостите по повод Денот на независноста се селат во селото Слоештица каде што во АРТ ПОНТ – ГУМНО се одржува отворено ликовно студио „Модра планина“. Во чест на празникот и 10 годишниот јубилеј на оваа реномирана уметничка асоцијација, на гумното во Слоештица во тек е работилница  на тема „Модрата планина” на коајшто присуствуваат уметници од Велика Британија, Германија, Данска, САД, Словачка и Чешка Република, а љубителите на уметност ќе можат да се сретнат со уметниците и нивните нови креации.
Покровители на годинашниве свечености се Градоначалникот и Советот на Општина демир Хисар

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , ,