Провалници застрелаа човек во кичевско

Во селото Папрадишта-кичевско синоќа пред полноќ две маскирани лица вооружени со пиштоли влегле во куќата на Ш.Л.(74), при што едно од лицата испукало три куршуми кон синот на Ш.Л., Б.Л.(44) нанесувајќи му прострелни рани во пределот на  телото, а потоа одзеле златен накит и побегнал – информира МВР.

Полицијата извршила увид на местото на настанот, Б.Л. е пренесен во Медицинскиот центар во Кичево, а поради сериозноста на повредите е пренесен во Ургентен центар Скопје. Се преземаат мерки за  откривање на сторителите и расчистување на случајот.