Проверете си го резултатот од државната матура на интернет

Категории: Македонија

На веб страницата http://www.matura.gov.mk/results.aspx?language=MK се достапни резултатите од полагањето на државната матура.

Годинава, просечната оценка што ја постигнаа матурантите при полагањето државна матура е 3,18 и е повисока од минатогодишната која изнесуваше 3,09.

Постигањата за македонски јазик и летература, според прелиминарните резултати, се со просечна оценка 3,44, и се повисоки во однос на минатата година, кога просекот беше 3,32. За математика – основно ниво  се постигнати најдобри резулати досега, со просечна оценка  3,38. Лани просечната оценка изнесуваше 3,02, а 2,94 во 2011.

Министерството за образование и наука во неделта оцени дека кај повеќето предмети има подобрување во постигањето споредено со минатите години, што е показател за подобрување на основните знаења и адаптирање на стандардите на државната матура.

Резултатите се достапни уште и на Албански, Турски и Англиски јазик.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , ,