Објавен тендерот за пругата од Кичево до албанска граница

Категории: Кичево, Слајдер

Министерството за финансии објави тендер за подготовка на детален проект и тендерска документација на новата железничка секција Кичево-граница со Албанија, која е дел од Кордорот 8.

Железничката делница е во должина од околу 63 километри, а треба да содржи единечна електрифицирана пруга од постоечката железничка станица во Кичево до границата со Албанија, според постоечката физибилити студија, прелиминарниот дизајн, проценката за импактот врз животната средина и најдобрите пракси на Европската Унија.

Средствата за тендерот се од претпристапните фондови на ЕУ, а максималниот дозволен буџет изнесува 8 милиони евра.

Процедурата за учество на тендерот е ограничена на правни лица од земјите членки на ЕУ, земјите кандидати за членство во ЕУ, како и земјите кои се вклучени во проектот, а целиот тендер се доделува на една компанија или конзорциум.

Прелиминарен датум на кој ќе се испрати поканата за учество на тендерот со детален предлог е 12 март 2013 година.

Од заинтересираните компании или конзорциуми се бара да имале приходи од по минимум 4 милиони евра годишно во последните 3 години, како и да имаат пристап до ликвидни финансиски средства во износ од 500 илјади евра.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , , ,