Одбележување на 71-годишнината од формирањето на Првата Македонско-косовска ударна бригада

Категории: Дебарца, Македонија

Со пригодна свеченост борците од НОВ од Охрид и Дебрца денеска ќе ја одбележат 71-годишнината од формирањето на Првата Македонско-косовска ударна бригада во селото Сливово.

Самиот настан секоја година традиционално се одбележува во селата Сливово и Белчишта, а предвидено е цвеќе да биде положено пред споменикот на паднатите борци од Илинден – 1903 и НОАВМ 1941-1945 во Сливово. Таму ќе биде посетен и спомен-домот во старото училиште, а за значењето на оваа бригада ќе говори историчарот Наце Иваноски.

Формирањето на Првата македонско-косовска ударна бригада за историчарите од НОВ претставува круна на Народноодлободителното движење во регонот, оттаму што означува формирање едно борбено национално тело за борба против фашизмот, што од Дебрца се повеќе се омасовува на територијата на цела Македонија.

Првата Македонско-косовска пролетерска ударна бригада е формирана на 11 ноември 1943 година во селото Сливово, а се состоела од борци на баталјонот „Мирче Ацев“, Кичевскиот баталјон, Првиот косовско-метохиски баталјон „Рамиз Садику“ и вториот Косовско-метохиски баталјон „Боро Вукмировиќ“. Бригадата броела околу 700 борци.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , ,