Прва второлигашка победа за екипата на Зајас

Категории: Спорт

Во петтото првенствено коло екипата на Зајас ја извојува првата второлигашка победа. Зајас-Локомотива 4:1(2:1)
Триумфот го најави искусниот Исмаил Исмаили кој во 12 минута по една подолга акција ја затресе мрежата на гостите.Во 33 минута од околу 20 метри Небиу со силен и прецизен удар го зголеми водството на Зајас на 2:0.Во 39 минута екипата на Локомотива намали на 2:1 со голот на Ниотис од десетина метри.
Само што започна второто полувреме трет гол за Зајас.По скратениот корнер кој го изведе Османи, Шаќири  беше највисок во букетот играчи и со глава ја затресе мрежата на Ивановиќ.Конечниот резултат од 4:1 го постави младиот В.Исмаили, кој по една колективна акција на домашните напаѓачи од 20 метри со еврогол ја круниса одличната игра на неговата екипа.Ако се суди според овој натпревар, екипата на Зајас ја очекуваат подобри денови во понатамошниот тек од првенството.
Текст и фото: Зоран Антоски

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , ,