Прво место за ОУ „Христо Узунов“ на натпревар за најдобар ИКТ проект

Категории: Кичево, Слајдер

Со проектот „Не биди Кук, не биди Пан“ на наставничката Марија Китаноска, ОУ Христо Узунов од Другово го освои првото место за најдобар ИКТ проект на натпреварот што го организираше Американската стопанска комора во Македонија.

Второто и третото место за проектите „Малите детективи“ и „Правата на интелектуална сопственост“ им припаднаа на наставниците Славица Карбева и Николина Ѓорчевска.

Натпреварот, на кој се пријавија 13 проекти, е продолжение на активностите почнати со годишната конференција за заштита на правата од интелектуална сопственост одржана во април годинава на која наставниот кадар од повеќе училишта имаше можност да се запознае со програмата „Partners in learning“ на Мајкрософт.

Како што рече Билјана Јанева, претседател на комитетот за интелектуална сопственост при Американската стопанска комора, оваа програма им овозможи на наставниците да ги изготват проектите чија цел беше темите поврзани со правата од интелектуална сопственост да влезат во наставата.

– Нема друг освен наставниците што може да ни помогне во спроведувањето на овој процес, истакна Јанева пред доделувањето на наградите за трите најдобри проекти.

Осврнувајќи се на планираните активности во Комората, Јанева ја најави кампањата „Останете здрави, користете оригинали“ што ќе се одржи утре во Сити Мол. Кампањата, во соработка со Координативното тело за интелектуална сопственост, ќе продолжи во уште четири градови низ Македонија, Куманово, Тетово, Прилеп и Штип.

– На инфо штандови ќе бидат изложени фалсификувани производи и промотивни материјали преку кои граѓаните ќе можат да се информираат за штетните последици од користењето фалсификувани производи. Воедно ќе им се укаже како да прават разлика меѓу фалсификуван производ и оригинал, соопшти Јанева.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , ,