Купете си “Putinphone” (фото + видео)

Категории: Магазин

Сакате нов мобилен телефон? Фан сте на Владимир Путин? Купете си „Putinphone“!

Уредот е достапен во две верзии – титаниумска и златна. На неговото куќиште е изгравиран ликот на Владимир Путин.

Луксузниот бренд „Caviar“ во јуни ја претстави првата колекција на „Putinphone“ уредите, кои се базирани на „iPhone 5“, по цена од 4.350 долари.

Како што и се очекуваше, сите 144 примероци беа продадени за само неколку дена.

Сега оваа продавница за накит има во план да направи 299 златни и титаниумски телефони во втората колекција, а тие ќе бидат засновани на „iPhone 6“ и „iPhone 6 Plus“.

Меѓутоа, секретарот за медиуми на Путин, Дмитри Пешков, протестираше поради употребата на ликот на рускиот претседател на телефоните.

Па така уредите „Putinphone“ се многу малку, затоа што, компанијата поради Пешков се откажа од производството.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , ,