Разгледница од Припјат, Чернобил (видео)

Pripjat

Припјат е напуштен град во Украина на границата со Белорусија, кој се наоѓа во близина на нуклеарната електрана „Чернобил“. Основан бил во 1970 година како 9-ти „нуклеарен“ град во тогашниот Советски Сојуз. Во 1979 година го добил статусот и правата на „град“. За жал, оваа титула ја носел само 7 години, се’ до 26 април 1986 кога се случила катастрофата во блиската нуклеарна електрана „Чернобил“. Кратко потоа е целосно евакуиран и стои напуштен се до денес.

Во него е се исто како и во моментот кога бил напуштен. Може да се видат наместени маси за ручање, играчки, игралишта од кои како штотуку да заминале децата… Сцени кои замрзнале во времето. Чувството е како луѓето само што не се вратиле.

Во моментот на неговата евакуација, градот имал 49,360 жители, 13,414 станови за живеење, 15 основни училишта, 5 средни училишта и 1 високо-образовна институција, 1 болница со 3 клиники, 25 маркети, 27 кафетерии и ресторани, 10 спортски сали, 3 базени, 3 културни установи, парк, 35 игралишта, 4 други фабрики, железница, 167 градски автобуси… и една нуклеарна електрана која му ја запечатила судбината. Бил модерен град за своето време.

Како што луѓето го напуштиле градот поради високата радијација, така природата полека го враќа она што го проголтал бетонот. Денес пристапот до не го е забранет и контролиран од посебна служба на државата Украина. Во него се влегува со посебна дозвола. Видеото кое ви го прикажуваме е на Дени Кук (). Снимено е со DJI Phantom 2 (GoPro3+) и Canon 7D. Погледнете го краткото видео (3,01 минути).

Postcards from Pripyat, Chernobyl from Danny Cooke on Vimeo.