РЦУК Кичево изработува “Процена на загрозеност од сите ризици и опасности”

Категории: Кичево, Слајдер

Денес во организација на  Регионалниот центар за управување со кризи Кичево, во салата за состаноци на  Советот на општина Кичево, се одржа работен состанок, со цел да се определат активностите на различните учесници на локално ниво во процесот на   изработка на посебниот дел од Процената на загрозеност на подрачјето на општина Кичево од сите ризици и опасности.

На состанокот присуствуваа претставници од следните субјекти на локално ниво: Општина Кичево, Полициска станица Кичево, ЈП МШ под. ШС Лопушник Кичево, ЈЗУ Здравствен Дом Кичево, ЈП Комуналец Кичево, ЈЗУ ЦЈЗ Битола Одд. за ПЗЗ Кичево, Ветеринарна инспекција Кичево, АД ЕЛЕМ под. РЕК Осломеј Кичево, МО ГШ ВП 7925/25 Кичево, ЈУ Меѓу општински Центар за социјални работи Кичево, МЗШВ Шумско полициска станица Кичево, МЗШВ ПЕ Кичево, ОО на ЦК Кичево, ПО за ЗиС  Кичево, ЈП Македонија пат секција Кичево  и вработени од ПО РЦУК Кичево.

Раководителот на РЦУК Кичево,  Сузана Тасевска ги запозна присутните дека РЦУК Кичево истражуваше кои се потенцијалните ризици од катастрофи и несреќи врз основа на досега случените настани на територијата на општина Кичево и можност да се повторат сега или во иднина. Таа истакна дека за да се направи добра проценка на ризикот потребно е висок степен на соработка на сите учесници во Системот за управување со кризи на локално ниво и дека  на тој начин ќе се увериме во ефикасноста на самиот систем за рано предупредување и справување со кризи.

Љупче Софрониевски, советник за подготовки на субјектите на системот од интерес за општина Кичево во ПО РЦУК Кичево, преку кратка презентација ги запозна присутните претставници   со содржината на процената, со посебен осврт на посебниот дел од процената.

На состанокот се заклучи дека за да се добие квалитетна и комплетна процена потребно е да се организираат поединечни состаноци со учесниците во процесот на изработка на овој документ.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , ,