РЕК Осломеј зимава ќе добие 200.000 тони јаглен од Битола

Категории: Кичево

Според долгорочните планови на ЕЛЕМ и РЕК „Осломеј“, уште пред четири години започнале подготовките за отворање нов рудник во локалитетот Поповјани.

Од РЕК „Битола“ секојдневно се транспортираат 2.000 тони јаглен до РЕК „Осломеј“ поради недостиг од јаглен од рудникот „Осломеј-Запад“. Дневните потреби на јаглен за ТЕЦ „Осломеј“ се надополнуваат со количества што камионски се транспортираат од рудникот „Брод-Гнеотино“, подружница РЕК „Битола“.
– Овие количества јаглен заедно со околу 2.500 тони јаглен од сопствениот рудник „Осломеј-Запад“ ги задоволуваат дневните потреби на РЕК „Осломеј“, така што во текот на оваа зима од „Битола“ за „Осломеј“ ќе бидат транспортирани околу 200.000 тони јаглен – вели Мирче Котевски, портпарол на ЕЛЕМ.

Котевски потсети дека неповолна околност е што преостанатите количества јаглен во рудникот „Осломеј-Запад“ се раслоени и тоа придонесува да не можат континуирано да се експлоатираат 4.000 тони јаглен, неопходни за дневна работа на ТЕЦ.

– Инаку, во постојниот рудник има околу 1.700.000 тони јаглен, доволни за работа на „Осломеј“ во наредните две години. Исто така, на располагање стојат околу 250.000 тони јаглен од локалитетот „Стар рудник“, кои се експлоатираат со дисконтинуирана технологија – додава Котевски.

Според долгорочните планови на ЕЛЕМ и РЕК „Осломеј“, уште пред четири години започнале подготовките за отворање нов рудник во локалитетот Поповјани. На овој локалитет се проценува дека има околу 9.000.000 тони јаглен. Овие количества јаглен, надополнети со уште 1.600.000 од локалитетот Чукале, кај селото Србица, ќе обезбедат непречена работа на „Осломеј“ во наредните 10-12 години. Но несогласувањето на локалното население да се отворат овие рудници ја става во голема неизвесност иднината на РЕК „Осломеј“, во време кога Македонија има голем дефицит од електрична енергија и кога секој киловат електрична струја е добредојден за непречено функционирање на животот во земјава.

Зоран Антоски

Извор: Нова Македонија

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , ,