Рестрикции за вода во Осломеј

Во Осломеј од синоќа повторно е воведена рестрикција од 12 часа во едно деноноќие за водата за пиење.

Директорот на ЈП „Хигена“, Иса Незири појасни дека се потребни доплнителни количини за вода во текот на оваа недела, па затоа до петок бидат воведувани рестрикции.

Се очекува, најави тој, повторно системот да се стабилизира, иако, истакна дека и потрошувачката повеќе од двојно деновиве е зголемена, а проблем и натаму преставува и несовесното трошење на водата од страна на некои граѓани. Незири апелира за рационално трошење на водата.

Инаку, покрај оние населени места кои се поврзани во регионалниот систем „Студенчица“, од истиот цевковод со вода се снабдува и РЕК „Осломеј“.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.