Ревија на руски филмови во кичевското кино

Започнувајќи од утре па се до следната недела во кичевското кино во НУЦК Кочо Рацин ќе се одржи ревија на Руски филмови од режисерот Карен Шахназаров. Почетокот на сите филмови е во 20 часот, а влезот на сите кино проекции е бесплатен. Ова е одлична можност да се погледнат руските класици започнувајќи од 1984 година, па се до најновите остварувања на руската дилмска школа.

Распоредот на прикажување е следен:

ПАЛАТА БР.6 (83 минути) на 03.11.2013 (недела) во 20ч влез слободен.
филмот е базиран на расказ од Чехов,каде што психијатарот станува пациент во својата болница.

ГРАД ЗЕРО-1989 (103 минути) на 04.11.2013 (понеделник) во 20ч влез слободен.
Во овој филм еден инжинер задолжен за производна линија во московска фабрика е испратен во мало гратче.Меѓутоа се чини дека сите во гратчето се луди (секретарката работи сосема гола,група луѓе го заменуваат идентитетот на инжинерот со рокенрол музичар и сл.) а како врв на се,тој е сведок на едно самоубиство и набрзо сваќа дека никогаш нема да го напушти гратчето.

ЉУБОВ ВО СССР-2013 (89 минути) на 05.11.2013 (вторник) во 20ч влез слободен.
Филмот е приказна за тројца пријатели во класичен љубовен триаголник.Советскиот сојуз за време на 70те години Сергеј и Степан се заљубени во Њудмила.Сергеј е импулсивен дечко додека Степан е мирен и прибран.Сергеј решава да замине на одмор со друга девојка.таму сфаќа дека Људмила е единствената девојка за него и се враќа со намера да ја освои.Но судбината има подготвено изненадување.

ОТРОВИ-2001 (106 минути) на 06.11.2013(среда) во 20ч влез слободен.
Во овој филм здодевното секојдневие на актерот Олегкој дознава дека сопругата Катја го изневерува со соседот Арнолд се претвора во фантазмагорично откако ќе го запознае пензионерот Прокхоров.Елегантниот господин му предлага неколку начини како да ја отруе својата прељубничка сопруга.Теоретските предавања на старецот се надополнети со практични инструкции и со приказни за историјата на отровите кои датираат од античка Персија и Грција.

НИЕ ОД ЏЕЗОТ-1984 (89 минути) на 09.11.2013 (сабота) во 20ч влез слободен.
Во овој филм студент по музика е избркан од училиштето поради неговата страст кон џез музиката,која го претставува американскиот капитализам.Заедно со двајца музичари,решава да формира бенд со кој тргнува на тура низ градовите во обид да стекне слава.

БЕЛ ТИГАР-2012 (104 минути) на 10.11.2013 (недела) во 20ч влез слободен.
Во овој филм станува збор за втора светска војна рани 40ти.Откако одвај останува жив по судирот со мистериозен тенк наречен Бел Тигар,рускиот оператор на оклопни возила Иван Најденов станува опседнат со идејата да го уништи.