РК Гого го поразија силниот РК Пелистер

Кадетите на РК Гого од Кичево на домашен терен му го зададоа првиот пораз на неприкосновениот РК Пелистер победувајќи го со 20-17 (полувреме 10-9). Кичевчани имаа и желба и иницијатива во текот на целиот натпревар. На крај, победата беше единствениот епилог кој можеше да се очекува после таква игра.

Со оваа победа РК Гого се искачија на второто место во кадетската лига и заостануваат 3 бода зад прволасираниот Пелистер, но и натпревар помалку.