Во Кичево се отвора рудник на манган

Домашната компанија Тајмиште која победи на тендерот ќе добие концесиски договор во траење од 30 години. Компанијата ќе треба да отпочне со активностите за експлоатација на манган од рудник на планината Стогово. Откако ќе бидат уплатени неопходните средства во износ од 800 000 евра, во рок од 30 дена ќ биде потпишан концесискиот договор.

Отворањето на рудникот ќе отвори 200-300 нови работни места во Кичево што ќе биде значаен импулс за заживување на локалната економија.

Постои можност за соработка со арапска компанија со која би се зголемил извозот на манган и отворање на поголем рудник.

Манганот е доста побарувана суровина на светскиот пазар.