ФОТО + ВИДЕО: Драматична состојба во Русија по падот на метеорит

Категории: Свет, Слајдер

Состојбата во рускиот град Чељабинск и областа околу градот каде утрово падна делови од метеор е сеуште ризична. До овој момент 1000 луѓе, од кои 159 деца, побарале медицинска помош, а неколку десетици објекти се погодени од делови на метеорот за кој претходно се сметаше дека е дел од астероидот ДА-14.

Сергеј Смирнов од руската опсерваторија „Пулково“ предупреди дека постои голема можност во следните неколку часа во атмосферата на Земјата да влезе нов метеор.

– Објектот би можел да биде околу метар во пречник и тежок неколку тони. Кога влегол во атмосферата се распрснал и го продолжил патот создавајќи експлозивен бран и емитувајќи светлина. Тоа е причината за блесоците и како и искршените прозорци. Најверојатно негавато структура беше од железо, бидејќи толку далеку се проби низ атмосферата. Ние и натаму немаме точни податоци за деловите од метеорот, изјави Валери Шувалов од рускиот Институт за динамика.

Олег Малков аеронаутички научник од Московскиот државен универзитет истакна дека метеорот не е откриен во вселената најверојатно затоа што дошол од правец на Сонцето.

– Ни можеме да ги видиме само камењата кои доаѓаат од правецот на ноќното небо. Метеорскиот дожд на Урал не е е поврзан со астероидот ДА14, кој ќе се приближи до Земјата во следните неколку часа.

Руската академија на науки процени дека метеорот бил тежок околу десет тони пред влегувањето во атмосферата на Земјата.

 

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , ,