Кичевската Саат Кула

Кичевската саат-кула сликата веројатно за време на првата светска војна

 

Изградена е во 1741 година. Османлиите граделе саат кули само во оние места кои ги сметале за градски населби. Кулата била изградена во подножјето на Китино кале, и се гледала од цела чаршија. По неа еснафот го мерел денот. Цели 185 години го покажувала времето на кичевчани.

Не се знае точно од каде е донесен механизмот, но ѕвоното на кулата потекнува од разрушениот кнежински манастир Св. Ѓорѓија, разурнат малку време пред тоа. Кулата настрадала во пожар во 1926 година откога и престанала да работи. Во 1938 е урната. Според една верзија од дотраеност и опасност да падне, според друга дека тогашниот прв човек на градот наредил да се урне оти го потсетувала на турското владеење.

Во секој случај, градот изгубил еден значаен и убав споменик, стар скоро 2 века, нем сведок на многу настани. Наводно механизмот сеуште се чува во некој од чаршиските дуќани. Ѕвоното е во црквата Св. Петар и Павле, реликвија! Денес на местото на Саат кулата има само дупка. Точната локација е на свиокот кога се оди по патот кон врвот на калето.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.