Саемот за мед прераснува во Меѓународен саем за Земјоделие и енергетска ефикасност

По минатогодишниот„ Саем за мед „кој за прв пат минатата година се одржа во Кичево, истиот годинава прераснува во реномирана Меѓународна манифестација.

Така што во периодот од 28-31 август, во Кичево ќе биде одржан првиот Меѓународен саем за земјоделие и енергетска ефикасност.На овој саем покрај домашните излагачи ќе учествуваат и компании од Турција, Грција,Албанија, Бугарија, Србија, Косово и Црна Гора, што на истиот ќе му даде регионално значење.

– Во периодот од 28-31 август за прв пат во нашиот град ќе биде одржан Меѓународниот саем за земјоделие и енергетска ефикасност. На овој саем покрај домашните излагачи ќе учествуваат и поголем број учесници од странство. Очекуваме гости од дури седум земји и тоа од Турција,Грција,Албанија,Бугарија,Косово,Србија и Црна Гора.На саемот во трите дена ќе бидат одржани 12 трибини од областа на земјоделието и енергетската ефикасност од еминентни универзитетски професори. Исто така ќе бидат подготвени специјални брошури и очекуваме во трите дена многу случувања, кои во целост ќе го оправдаат постоењето на овој саем. Очекуваме покрај ЕЛС Кичево истиот со финансиски средства да биде помогнат и од Министерството  за земјоделие – рече Коста Галимансоки, престедател на организацискиот одбор на Меѓународниот саем Кичево 2013.

Текст и фото: Зоран Антоски