Заменик-министерот Сајкоски во посета на Гевгелија

Категории: Македонија

Имплементацијата на развојните проекти во општина Гевгелија и тековните активности во остварувањето на функциите на органите на локалната самоуправа, беа теми на кои денеска разговараа заменик министерот за локална самоуправа Ѓорги Сајкоски и државниот секретар Билјана Цветановска со градоначалникот на Гевгелија,  Иван Франгов.

Акцент во разговорите беше ставен на реализацијата на двата ИПА проекти од програмата за прекугранична соработка со Бугарија за кои општина Гевгелија доби околу 320.000 евра.

– Оваа година Владата одвои 60 милиони денари за рамномерен регионален развој. Тоа се средства што ќе бидат потрошени за проекти кои ќе ги користат центрите за развој на регионите, планските региони и општините. Југоисточниот е еден од поангажираните региони и неговата стапка по развиеност е веднаш зад скопскиот за што голем придонес има добрата работа на градоначалниците и стопанствениците, рече заменик министерот Сајкоски.

Градоначалникот на Гевгелија Франгов потенцира дека е разговарано за реализацијата на двата ИПА проекти за изградба на инфраструктура од мал обем за еко-туризам и за реконструкција на Пионерскиот дом во Гевгелија.

– Во споменативе проекти учество има и Министерството за локална самоуправа. Ветувам дека на општо задоволство на граѓаните на општина Гевгелија тие наскоро ќе бидат реализирани, рече Франгов.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , ,