Работна посета на Заменик министерот Ѓорѓија Сајкоски на општина Ресен

Заменик Министерот за Локална Самоуправа Горги Сајковски денес  беше во работна посета на Општина Ресен. Со својот домаќин Градоначалникот на Општина Ресен М-р Ѓоко Стрезовски разговараа за актуелните проекти  кои општина Ресен  ги реализира преку програмите на Министерството за Локална самоуправа како и за идните планови и програми на општината и можностите за нивна реализација во соработка со министерството за Локална самоуправа.

Заменик Министерот за Локална Самоуправа Горги Сајковски истакна задоволство од нивото на искористеност на средства од страна на Општина Ресен преку реализација на тековните проекти преку МЛС  и тоа одобрениот проект за изградба на електрична инсталација за осветлување на сообраќајната клучка кај “Макази“ во висина од 3 милиони денари, реаллизираниот проет “Патокази кон подпелистерските села за унапредување и промоција на туристичките потенцијали на Општините Битола и Ресен“ во висина од 1 200 000 денари како и за завршениот проект за“ Хортикултурно уредување на црквата Св.Ѓоѓи во Курбиново“ во вредност од 400 000 денари.

Градоначалникот Стрезовски и Заменик министерот ги разменија и искуствата во реализирање на двата ИПА Проекти кои Општина Ресен ги спроведува и тоа проектот WIN WIN  од првиот повик за меѓугранична соработка Мекодонија-Грција, како и тековниот  проект за Унапредување на енергетската ефикасност на зградите и заштита на животна средина од вториот ИПА повик меѓу Македонија и Грција, двата во вкупна грант вредност за партерите од Р.Македонија во износ од околу 400 000 евра.Меѓудругото Градоначалникот Стрезовски истакна дека Општина Ресен има аплицирано и за други три проекти од третиот повик за меѓугранична соработка со Република Грција  при што ги потенцира очекувањата за нивно одобрување.

Заменик Министерот Сајковски ги потикна локалните власти успешно да се вклучат и во предстојните ИПА повици со Р. Албанија, при што со Градоначалникот Стрезовски ја разгледуваа програмската поставеност на меѓуграничната соработка со нашиот западен сосед. Заменик Министерот истакна дека Министерството за локална самоуправа им стои на располагање на општините за сите прашања кои што се упатени до централната власт  со цел со партнерска реализација преку проектите да овозможат подобар квалитет на живот на граѓаните.