Заменик-министерот Сајкоски во посета на општина Берово

Заменикот министер за локална самоуправа, Ѓоргија Сајкоски, ја посети општина Берово. На состанокот со градоначалникот Драги Наџински се разговараше за реализација на актуелните проекти во општината, со акцент на потенцијалите за реализација на проекти за прекугранична соработка и за регионален развој, при што доби силна подршка за понатамошна соработка со министерството. Во општина Берово во моментов се реализира еден проект за подобрување на квалитето на живот преку искористување на еко ресурсите, финансиран од ИПА Програмата на ЕУ, за прекугранична соработка со Бугарија и предходно успешно реализраниот проект од првиот повик за прекугранична соработка Бизнис инкубатор. Во моментот општината ги очекува резултатите од третиот повик чија што цел е подобрување на енергетската ефикасност во градинките.

Градоначалникот на општината Наџински истакна дека општината има огромна корист од прекуграничната соработка и максимално ги користи можностите за финансирање на проекти преку ИПА Програмата на Европската Унија при што истакна дека општината во овој поглед е успешна бидејќи од два објавени повика за аплицирање, два проекти се прифатени за финасирање. Во таа насока се заблагодари на Министерството за локална самоуправа и поддршката која ја има општината во искористување на Еу фондовите.

Заменикот министер Сајкоски беше информиран дека општина Берово и граѓаните од Источниот (Брегалнички) регион на директен или индиректен начин ги чувствуваат бенефитите преку проекти кои се реализираат од програмите за регионален развој, а се одобрени и од Советот на градоначалници во Источно планскиот регион. Посетата беше искористена за обиколка на објектите кои беа подржани од  ИПА Програмата на Европската Унија, а Заменик министерот Сајковски лично се увери во успешната реализација на предвидените активности и поддршката која е намента за општините.