Заменик министерот Сајкоски во посета на општина Демир Хисар

Категории: Демир Хисар, Слајдер

Општината Демир Хисар денеска ја посети заменик министерот за локална самоуправа Ѓоршија Сајковски. За време на неколкучасовниот престој во Демир Хисар, Сајковски оствари средба со градоначалникот Љупчо Блажевски и претседателот на Советот Кире Ристевски.

На обострано и повеќенасочно задоволство, беше потенцирана досегашната позитивна соработка што резултираше со неколку успешно завршени и нови проекти како дел од напорите на Владата и Министерството за локална самоуправа за поттикнување на економскиот развој на овој регион, а во контекст на краткорочните и долгоричните планирања што се имплементираат и преку Центарот за развој на пелагонискиот плански регион.

– Министерството за локална самоуправа ќе продолжи да ги поддржува и помага во имплементацијата на новите проекти, како  Општина Демир Хисар, така и  останатите општини од регионот и пошироко. Имам впечаток дека Демир Хисар како да е на еден чекор пред другите општини во бројот на готови проекти, а тоа е своевидна предност при одредувањето на приоритетите при нивната имплементација. Министерството за локална самоуправа ќе продолжи да биде најшироко отворената врата за сите идеи и иницијативи на единиците на локалната самоуправа, особено во делот на локалниот економски развој, пограничната соработка, комуналното уредување итн.,  рече покрај другото Сајковски.

Инаку со поддршка на Министерството за локална самоуправа, а преку Центарот за развој на пелагонискиот плански регион, само во изминативе 6 -7 месеци реализирани или во фаза на реализација се проектите за набавка на нова противпожарна опрема, набавка и поставување на јавни противпожарни хидранти во градот и неколку населени места, изградба на спомен соба „Петре М. Андреевски“ во с. Слоештица, како и проектот за енергетска ефикасност во Средното училиште „Крсте П. Мисирков“.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , ,