Општина Демир Хисар ги санира ударните дупки на патот за с. Вирово

Категории: Демир Хисар, Кичево

Со сопствени средства, Општина Демир Хисар ги санира ударните дупки и прекрпи на дел од регионалниот пат за Ресен, преку селата Мренога и Вирово. Во должина од околу 5 километри, со сопствена механизација и работна сила, градски „Комуналец“ постави асфалт на најголемите оштетувања на оваа регионална патна делница со што значително се подобрија сообраќајните и безбедносните услови за движење на возила до овие населени места.

Според зборовите на градоначалникот Љупчо Блажевски, овој зафат бил повеќе од неопходен, а се задоволуваат барањата и потребите на жителите на овие населени места кои беа сосема оправдани бидејќи  Јавното претпријатие „Македонија пат“ кое е надлежно за одржување на оваа патна делница, не беше во можност соодветно да интервенира.

Инаку овој патен правец е дел од проектот за изградба на Регионалниот пат Р29371, преку селото Боишта до Ресен којшто треба да го одржува „Македонија пат“. Меѓутоа, веќе по втор пат, заради големите оштетувања, општината со свои средства и во рамките на своите можности, прави напори да ја подобри возната состојба на оваа делница.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , ,