СДСМ во Струга ќе го поддржи ВМРО-ДПМНЕ

Категории: Македонија, Слајдер

Иако работите на централно ниво се крајно неизвесни, Утрински весник пренесува вест дека струшките социјалдемократи ќе застанат зад кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за граоначалник на Струга, Др. Владо Кочоски.

Воените секири помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во Струга ќе бидат закопани со цел освојување на локалната власт. Од локалната организација на партијата во неделата изјавија дека Кочоски е прифатлив кандидат за нив.

Пред четири години, потсетува “Утрински“, албанските партии поделија над 15.000 гласа, слично минаа и фаворитите на двете најголеми македонски партии.

Тогашните избори беа проследени со низа нерегуларности и сомнителна победа на Рамиз Мерко.

За разлика оттогаш, тогашниот противник на Мерко, Фијат Цаноски, најави поддршка на ДУИ за Струга.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , ,