Во Кичево се помалку Албанчиња во прво оделение

Категории: Кичево, Слајдер

Бројот на првачињата во Кичево постојано се намалува, пишува порталот Плусинфо. Печалбарите сè почесто си ги земаат и нивните деца во странство, па бројот на учениците низ училиштата од година во година станува сè помал.

– Во минатото, албанските ученици беа најмалку 30 отсто повеќе од бројот на македонските ученици, заедно со Турците и со Ромите. Сега речиси нема разлика. Бројот на албанските ученици што се запишани оваа година во прво одделение е околу 180 ученици колку што е и бројот на македонските ученици заедно со Турците и со Ромите – вели Нуредин Асани, соработник на Секторот за образование во Општина Кичево.

Основното училиште „Реџо Рушит Зајази“ некогаш беше училиште со најголем број ученици во Кичево и во околината, но последниве години не е така.

– Во последните пет години намалувањето на бројот на учениците се стабилизира, но бројот пак е мал. Од 135 ученици што се на списокот, само околу 50 од нив се запишани во прво одделение, што значи дека две третини од нив не живеат овде, туку во странство. Ова е загрижувачки – вели директорот на ОУ „Реџо Рушит Зајази“, Сулејман Дервиши.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , ,