Се удави момче од Пласница

Во водите на реката Црн Дрим во Струга претпладнето се удави 23-годишно момче од кичевското село Пласница.

Според портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, момчето родено 1990 година околу 11 часот скокнало од Мостот на поезијата, пливало неколку метри, а потоа било забележано како дава знаци на давење и барало помош. Неколку лица кои биле во близина се обиделе да му помогнат, но безуспешно.

Полицијата извршила увид на местото и телото е предадено во капела.