ФОТО: Се заокружува реконструкцијата на главната улица во Кичево

По неполни 12 месеци завршува реконструкцијата на главната улица во Кичево.

Така што деновиве се става завршниот слој асфалт на потегот од раскрсницата со улицата Гоце Делчев до Осломејскиот пат. Оперативата на ГП „Илинден„ од Струга, деновиве работи со зголемен интензитет, се со цел што побргу се заврши работата на главната улица, пред шпицот на сезоната кога во Кичево доаѓаат гастарбајтерите.

Најдоцна до крајот на следната седмица ќе бидат целосно заокружени сите градежни работи, а Кичево ќе добие и најубава градска улица и најфункционален простор, кој во одреден период беше и тесно грло. Канделабрите се поставени по целата должина и кога ќе биде поставен и асфалтот, улицата„ Александар Македонски” ќе го добие  својот финален изглед,а кичевчани ќе можат да бидат горди на својот град.

 

Текст и фото:  Зоран Антоски

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)