Седумте деца на семејството Цветаноски од с.Црешнево добија компјутер и подароци

Категории: Македонски Брод, Слајдер

При денешната работна посета на Општина Македонски Брод,Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, во придружба на градоначалникот Милосим Војнески  со соработниците,  го посети и најмногудетното семејство во Поречијата на Велче Цветаноски во село Црешнево ,на кое како дел од проектот„ Се грижиме за топол дом“ му подарија компјутер , облека , ранци , храна и школски прибор.

Министерот Спасов на ова семејство му врачи компјутер,училишен прибор и други средства кои им се неопходни во нивното образование,додека градоначалникот Војнески им подари училишни ранци и по три пара пантолони за секое дете а од Црвениот крст на Македонија ,на седумте деца на Маја и Велче им подарија пакети со храна.
Пресреќните родители и нивните деца не го криеја задоволството од гестот што кон нив го направија  луѓето од Владата, Општината и Црвениот крст на Македонија .
Инаку ова семејство наскоро ќе го добие и десетиот член, бидејќи мајката Маја очекува принова.
Зоран Антоски

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , ,