Село горит, Фатмир се шетат

Категории: Кичево, Слајдер

Додека ескалира состојбата со наставата во кичевските училишта кои немаат ни струја ни нафта за огрев, градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари беше до Швајцарија. Не бил сам, друштво му правел и претседателот на советот на општината, Ќамил Алиу.

Присуствувале на седмата средба на селениците во Швајцарија. Средбата се случувала во вторникот  на 11 ноември.

Истиот ден кога првиот и вториот човек од општината славеле во дискотека Швајцарија, во Кичево им беше исклучена струјата на сите основни училишта во градот. Во две од нив, трета недела не се одржува настава поради тоа што нема нафта за греење. Во третото, како и во гимназијата „Мирко Милески“ и „Дрита“, греењето е при крај. Откако општинарите се изјаснија дека немаат план како да го решат проблемот (општината немала пари, па владата да им ги решава проблемите), заминале за Швајцарија. Од нив беше и побарано да изготват план за надминување на кризата. Колку сработиле, самите проценете. Во меѓувреме состојбата ескалира. Последната седницата на советот е одржана на 30 октомври, до овој момент претседавачот на советот нема свикано никаква седница.  Оттогаш поминаа 2 недели.

Дали им кажале на иселениците, кои организирано допатуваа за да ги гласаат, дека учениците во Кичево не учат оти немаат ни парно ни струја, а општината си се прогласи за неспособна за да им помогне, останува тајна.

 Фатмир, Ќамил и останатите одговорни си знаат. Кичевчани гледаат.

 PS – Дали патот до Швајцарија беше платен од празниот општински буџет во кој немаше пари за училиштата?

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , , , , , , , ,