Село Патеец месец дена претворено во туристичка мека

Категории: Кичево

По втор пат за само 3 години убавините на село Патеец привлекоа над 60 љубители на природата и планинари од западно европските земји. Тие од 10-ти јуни до 10-ти јули престојуваа во недопрената природа на Рабетинска река крај изворите на реката и падините на планината Челоица.

Секојдневно правеа обиколка на шумата, собираа плодови, подготвуваа егзотична храна и само во 2-3 наврати дојдоа до Кичево, за да пропазарат мали работи кои им беа неопходни.

– Втор пат за 3 години група од 60-ина туристи планинари, екологисти со шатори и друга опрема, околу 30 дена престојуваа во реонот на нашето село. Тоа беше исклучително питома група луѓе кои живееја во невидена хармонија . Вредно е да се каже дека по заминувањето од селото, не оставија ни едно парче фрлена хартија или било каков отпад. За наредните години ветија повторно да го посетат овој крај со многу поголема група нивни другари, пријатели и истомисленици- потсетуваат жителите на Патеец, соживеани со привремените жители на нивното село.

Зоран Антоски

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , ,