Напредок: Сениорите нерешено, кадетите растураат!

Категории: Слајдер, Спорт

Во натпревар одигран на терен кој повеќе наликуваше на базен, Напредок изигра нерешено, 0:0, на гостувањето во Кратово против Силекс. Сините одбранија и еден пенал. Ако немаше голови за кичевчани, имаше црвени картони. Судијата Мечкароски ни даде дури 3, од кој првиот, за „сефте“ уште во 1 минута за Василев. Другите два црвени картони Напредок ги заработи во 88 и 90 минута за Симјаноски и Петрески. За да не се без ич, црвен картон доби и Георгиев од Силекс.

По овој „ватерполо“ дуел од кој Напредок се враќа со 1 бод, кичевчани се на четвртото место на табелата со 36 бода. На крај остана да лебди во воздух прашањето зошто и покрај лошиот терен на кој ни оддалеку немаше услови за игра, натпреварот не беше одложен. Дали ФФМ ќе реагира на ваквата одлука или Напредок повторно ќе мора да ја проголта кнедлата?

Следниот натпревар Напредок го игра во недела дома против Тетекс со почеток во 16 часот.

Генерација која многу ветува – ФК Напредок, кадети

За разлика од постарите, кадетите на Напредок редат успеси и се 10 натпревари без пораз. Последна жртва на младите кичевчани беш Дрита која вчера падна на теренот во Крушино. Победата беше минимална, 1:0 со голот од слободен удар кој го постигна Пеце Мирчески во 23 минута.

По вчерашната победа кадетите на Напредок се на 3 место, пред нив е Вардар со три бода повеќе, односно Охрид со 1 бод. Токму екипата на Охрид е следниот противник. Натпреварот се игра во недела на гостински терен.

 

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , ,